Блог

FAQ

Колку долго трае процесот на нострификација?

Процесот на нострификација во принцип трае од 6 до 12 месеци во зависност од квалификацијата на кандидатот и мотивацијата за изучување на Германски јазик.

Кои документи ми се потребни за аплицирање?

На почеток потребно е да потполните формулар за лични податоци. Потоа заедно со нашите вработени ќе договорите термин каде во детали ќе ви биде објаснета целата процедура.

Каде треба да ги поднесам документите – дали агенцијата го прави тоа за мене?

Агенцијата во ваше име поднесува документи во сите институции во Македонија и Германија.

Дали морам да полагам дополнителни испити?

Освен испитот за познавање на Германски јазик, во фазата на подготовка за нострификација,не полагате други испити.

Што ако мојата диплома не е целосно признаена?

Поради различностите помеѓу нашиот и германскиот образовен систем, многу често се случува дипломата да биде делумно признаена. Ние соработуваме со Академии и Образовни Институции во Германија, каде вие го апсолвирате дефицитот од теоретски часови. Целиот процес е организиран од наша страна во соработка со вашиот работодавец.

Кој јазичен сертификат ми е потребен (B2, C1)?

За стекнување на германска лиценца за работа, потребен е Б2 сертификат.

Дали агенцијата организира курсеви по германски јазик?

Агенцијата организира јазична подготовка на заинтересираните кандидати. Курсевите се бесплатни во онлајн форма.

Дали постои можност за работа додека учам германски?

Целиот период додека сте во подговотовка за нострификација, вие сте во работен однос кај истиот работодавец и си работите и понатаму. Курсот за изучување на Германски јазик и подготовката на сите документи се случуваат во меѓувреме, се додека не добиете виза.

Дали треба да полагам Fachsprachprüfung (стручен јазичен тест)?

Полагањето на Fachsprachprüfung не е задолжително.

Може ли да работам додека чекам нострификација?

Секако дека можете да бидете во работен однос додека чекате нострификација.

Колку долго трае обврската да работам за работодавачот кој ја финансира нострификацијата?

Предноста која ја нудима за разлика од останатите агенции е тоа што вие немате временска обврска према вашиот работодавец кој ја финансира нострификацијата.

Дали можам да сменам работодавач по нострификацијата?

Доколку не сте задоволни од работодавецот, условите за работа или поради други причини (преселба, спојување на семејство, оддалеченост на градинки и школи…) можете да го смените актуелниот работодавец.

Колкава ќе биде мојата плата пред и по нострификацијата?

Плаќањето е според тарифникот кој секоја година се менува, односно платите на здравствените работници се зголемуваат. За 2025 година месечните БРУТО примања се движат помеѓу 3.608 и 4.552 евра. Во зависнот од тоа во која даночна класа спаѓате вашите НЕТО примања се движат помеѓу 2.450 евра и 3.250 евра + бонуси и дополнителни примања по различни основи.

Кој ги покрива трошоците за нострификацијата?

Трошоците за нострификација ги покрива вашиот работодавец и Агенцијата за вработување на Германија.

Дали ќе треба сам да плаќам за преводи и административни такси?

Во зависнот од тоа кој ќе биде ваш работодавец, во многу случаеви се согласуваат да го превземат и трошокот за преводи. Во многу ретки случаеви се случува трошоците за превод да бидат покриени од страна на кандидатите.

Дали ќе работам во болница, клиника или дом за стари лица?

Ние соработуваме со клиники, болници, домови за сениори, домови за стари лица, амбулантни/домашни посети и слично. Вие одлучувате каде сакате да работите.

Дали агенцијата обезбедува сместување?

Агенцијата во соработка со вашите работодавци во пракса организираат сместување за вас.

Дали ќе имам помош за прилагодување на животот во Германија?

Помош ви се нуди од самиот почеток на нострификација, па се до вашето пристигнување во Германија, но и понатаму во вашето адаптирање и прилагодување на Германскиот систем и интеграција од страна на нашите колеги кои работат со нашите кандидати во Германија.

Дали ќе имам поддршка за семејството ако сакам да го преселам?

Поддршка за фамилијарна виза и организирање на сите потребни процеси и документи е нешто што секој кандидат го добива од наша страна.

Прашалник