Процесот на нострификација во принцип трае од 6 до 12 месеци во зависност од квалификацијата на кандидатот и мотивацијата за изучување на Германски јазик.
На почеток потребно е да потполните формулар за лични податоци. Потоа заедно со нашите вработени ќе договорите термин каде во детали ќе ви биде објаснета целата процедура.
Агенцијата во ваше име поднесува документи во сите институции во Македонија и Германија.
Освен испитот за познавање на Германски јазик, во фазата на подготовка за нострификација,не полагате други испити.
Поради различностите помеѓу нашиот и германскиот образовен систем, многу често се случува дипломата да биде делумно признаена. Ние соработуваме со Академии и Образовни Институции во Германија, каде вие го апсолвирате дефицитот од теоретски часови. Целиот процес е организиран од наша страна во соработка со вашиот работодавец.
За стекнување на германска лиценца за работа, потребен е Б2 сертификат.
Агенцијата организира јазична подготовка на заинтересираните кандидати. Курсевите се бесплатни во онлајн форма.
Целиот период додека сте во подговотовка за нострификација, вие сте во работен однос кај истиот работодавец и си работите и понатаму. Курсот за изучување на Германски јазик и подготовката на сите документи се случуваат во меѓувреме, се додека не добиете виза.
Полагањето на Fachsprachprüfung не е задолжително.
Секако дека можете да бидете во работен однос додека чекате нострификација.
Предноста која ја нудима за разлика од останатите агенции е тоа што вие немате временска обврска према вашиот работодавец кој ја финансира нострификацијата.
Доколку не сте задоволни од работодавецот, условите за работа или поради други причини (преселба, спојување на семејство, оддалеченост на градинки и школи…) можете да го смените актуелниот работодавец.
Плаќањето е според тарифникот кој секоја година се менува, односно платите на здравствените работници се зголемуваат.
За 2025 година месечните БРУТО примања се движат помеѓу 3.608 и 4.552 евра. Во зависнот од тоа во која даночна класа спаѓате вашите НЕТО примања се движат помеѓу 2.450 евра и 3.250 евра + бонуси и дополнителни примања по различни основи.
Трошоците за нострификација ги покрива вашиот работодавец и Агенцијата за вработување на Германија.
Во зависнот од тоа кој ќе биде ваш работодавец, во многу случаеви се согласуваат да го превземат и трошокот за преводи. Во многу ретки случаеви се случува трошоците за превод да бидат покриени од страна на кандидатите.
Ние соработуваме со клиники, болници, домови за сениори, домови за стари лица, амбулантни/домашни посети и слично.
Вие одлучувате каде сакате да работите.
Агенцијата во соработка со вашите работодавци во пракса организираат сместување за вас.
Помош ви се нуди од самиот почеток на нострификација, па се до вашето пристигнување во Германија, но и понатаму во вашето адаптирање и прилагодување на Германскиот систем и интеграција од страна на нашите колеги кои работат со нашите кандидати во Германија.
Поддршка за фамилијарна виза и организирање на сите потребни процеси и документи е нешто што секој кандидат го добива од наша страна.