9. Поддршка по пристигнување

🏡 Нашата поддршка не завршува со вашето заминување! Ќе бидеме достапни за вас и по пристигнувањето, за да ви помогнеме со првичните административни процедури и адаптацијата во Германија.
8. Подготовка за заминување

✈️ Откако ќе ја добиете визата, ви помагаме со: Организирање на патувањето Пронаоѓање сместување во Германија Совети за адаптација и живот во новата средина
7. Аплицирање за виза во Германската Амбасада во Скопје

📆 Нашиот тим ќе ви помогне со: Подготовка на целата потребна документација Пополнување на формуларите за виза Терминирање на апликацијата и подготовка за интервју Давање насоки за успешно добивање на работна виза
6. Потпишување на договор за работа

✍️ Доколку успешно го поминете интервјуто, следи потпишување на договорот со работодавачот. Ние внимателно ќе го провериме договорот и ќе ви објасниме сите детали.
5. Организирање на интервјуа со работодавачи

👩⚕️ По нострификацијата, ве поврзуваме со реномирани здравствени установи во Германија. Ќе ви помогнеме во подготовката за интервјуто, советувајќи ве како да се претставите најдобро пред потенцијалните работодавци.
4. Отпочнување со изучување на Германски јазик

Deutsch Lernen!
3. Нострификација на дипломата

📑 Ова е еден од најважните чекори во процесот. Нашиот тим ќе ви помогне со: Поднесување на барањето за нострификација Преводи и легализација на документите Следење на процесот и добивање официјално признание на вашата квалификација
2. Договор и подготовка на документацијата

📝 Доколку одлучите да продолжите со нас, потпишуваме договор за соработка. Потоа, започнуваме со собирање и подготовка на потребните документи, вклучувајќи: Дипломи и уверенија Работно искуство (потврди, препораки) Лична документација (пасош, извод, потврди)
1. Информативен разговор и консултација

📞 Првиот чекор е бесплатен информативен разговор, каде што ги разгледуваме вашите квалификации, искуство и желби во однос на работата во Германија. Ви ги објаснуваме можностите, условите и целата постапка.